Претседателката Гордана Силјановска- Давкова освен во Собранието честитки и забелешки добива од лидери и владини челници од дома и целиот свет.
Џејмс О’Брајен државниот секретар на САД и Лорд Пич, специјалниот претставник на британскиот премиер за Западен Балкан, Претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел и честитаа на претседателката.
Фон Дер Лајен го истакна идното лидерство за Силјановска- Давкова, и твитна: „Со нетрпение очекувам да соработувам со вас,“ но три часа подоцна, Фон Дер Лајен одново на Икс, со порака за изоставувањето на уставното име од страна на претседателката.
-За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа, стои во пораката на Фон Дер Лајен.