Вести Култура Топ вести

Експресионистичкиот ликовен свет на Масин од вечерва на увид на јавноста

Националната галерија на Македонија ја започнува реализацијата на програмата за оваа година, со изложба на нашиот реномиран сликар Мирослав- Миро Масин. Таа вечерва ќе биде отворена во Даут пашиниот амам.  Насловена е „ Подобро на гранка, одошто заглавен во лифт“, а на неа се претставени 150 дела,  кои што го доловува богатиот експресионистички, ликовен свет на Масин, чија професионална кариера трае речиси 40 години.

Боите на неговите платна танцуваат, емоциите од нив зборуваат, а имагинацијата нема граници. Вака накусо може да се опише експресионистичкиот ликовен свет на нашиот истакнат сликар и боем, Мирослав- Миро Масин. Неговото, безмалку четири децениско творештво, од вечерва е на увид на јавноста, низ големата ретроспективна изложба во Даут пашиниот амам при НГМ, насловена „ Подобро на гранка одошто заглавен во лифт“. На неа се прикажани дела од сите фази во богатиот опус на Масин, вели кураторката на изложбата.

  • Од почетните фази, односно фазите по студирањето, од „ Мајмун- човек“, „ Риба- птица- жена“. Исто така и од најновите циклуси, изработени од 2022 година, наваму. Да, како што реков, 141 слика и цртеж и 9 објекти, всушност 150 дела. Не беше намерно, но бројката е сериозно округла, рече кураторката на изложбата , Маја Чанкуловска Михајловска.

Врската меѓу човекот и природата е присутна во творештвото на Масин, низ реалистичните и апстракни творби. Претстави на мајмуни, птици, риби, но и креатури во кои се спојуваат животинското и човечкото, се дел од оваа изложба, за која Масин ги отслика и клавирите.

  • Со овие теми, предадени со нему својствен и забавен , експресионистички стил, истражува длабоки егзистенцијално- социјални прашања, како што се : Потеклото на постоењето, природата на човечките вредности. И илузиите, фасцинациите кои што го обликуваат нашиот светоглед и т.н, рече директорката на НГМ, Дита Старова Ќерими.

Масин дипломирал сликарство на ФЛУ во Скопје, 1988 година, а остварил студиски престои во Велика Британија, Франција и Чешка. Реализирал над 20 самостојни изложби дома и во странство. Покрај класичните медиуми, се занимавал и со инсталации, видео арт, перформанси и акциско сликарство. За себе вели дека опуштено му пристапува на секое дело.

  • Кога ќе влезам во атељето, кога ќе се качам горе, тогаш тоа е опуштено и отворено. И нормално, сите влијанија што сум ги до тој ден, еве до 61 година … Некаде излегуваат. Некаде си бил, со некого си се видел, влегува преку очите, па мозокот, срцето и излегува преку раката кај мене, кажа авторот на изложбата, Миро Масин.

Неговата изложба ќе биде отворена во Даут пашин амам до 15 јуни.

Сотир Трајков

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе има одговорност за училишната приредба во Челопек со воени униформи на УЧК и пластични пушки – просветните инспектори утврдија неправилности

Дејан Дејан

Почна со редење на куќарки и на украси на Плоштадот- град Скопје се подготвува за Нова Година

Дејан Дејан

Однесувањето на трето одделенец затвори две училишта – по „11 Октомври“ и „Лазо Ангеловски“ во бојкот на наставата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе