Вести Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта особено во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност која од крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14°C, а максималната од 23 до 28°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

5 Попова Шапка, 6 Берово, Лазарополе, 7 Крушево, 8 Крива Паланка, Маврово, 9 Претор, Кавадарци, 10 Виница, Струмица, Охрид, 11 Тетово, Прилеп, Битола, 12 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Дебар, Штип, Дојран, Велес, 13 Демир Капија, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

14 Крушево, 13 Попова Шапка, Пожаране, 11 Тетово, Прилеп, 9 Гевгелија, Куманово, 8 Скопје–Зајчев Рид, 7 Велес, 6 Кавадарци, Берово, Виница, Дојран, 5 Струмица, Штип, Крива Паланка, Демир Капија, 4 Битола, 3 Маврови Анови, 2 Охрид, Лазарополе, 1 Претор.

Забелешка: Количините на врнежи се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 13.0, Дојранско Езеро 21.8.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Повреден жител на селото Долани при гаснењето на пожарот во штипско – огнот ставен под контрола

Дејан Дејан

Путин прв му честитал роденден на Трамп – славеникот на шега забележал дека не му се допаѓа бројот 80

Дејан Дејан

Муцунски следните три дена Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе