Вести Избори 2024 Македонија Најважни

ДИК одлучи: Ќе се прегласува на избирачки места во Охрид и Крушево

Државната изборна комисија соопшти дека ќе ги прифати приговорите поднесени од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за три избирачки места од парламентарните избори. Прегласување според приговорите ќе има на избирачкото место 1272 во општина Охрид, како и на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево.

Претседателот на ДИК посочи дека по извршеното пребројување на гласови, на избирачкото место 1272 во Охрид, било утврдено дека записникот не е правилно пополнет, а имало и поправки во делот на гласачите внесени со рачен внес, по што се утврди дека е потребно повторно гласање.

Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, гласаше против овој приговор поради тоа што тврди дека бројката на гласачи се совпаѓа со бројот на потписи. Во нејзиното излагање образложи дека забелешката за резултатите од гласачкото место 1272 се однесува на записникот 16,  во делот 4, кој е погрешно пополнет, а тоа според неа претставува грешка која ја има речиси кај сите избирачки одбори.

Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.

Комисијата од страна на Демократската унија за интеграција, побара да се отфрлат приговорите поднесени од страна на Коалицијата „Вреди“ за шестата Изборна единица, како и приговорите поднесени од Коалицијата за ,,Европска иднина” предводена од СДСМ, за Изборната единица број 5.

Според Шеху, станува збор за нерегуларно поднесени приговори, сепак по гласањето беше донесена одлука за да биде прифатен првиот приговор поднесен од коалицијата „Вреди“ со што е одлучено да има прегласување на избирачко место во Желино. Таму ДИК по отворање на избирачкиот материјал, констатирала дека имало едно гласачко ливче повеќе, односно има несовпаѓање на бројот на потпишани гласачи во избирачкиот список, со гласачките ливчиња во кутијата.

Доколку се прифатат некои од приговорите и се прегласува на одредени избирачки места, тоа може да донесе промени во распоредот на мандатите, како во Изборната единица 5, така и во „шестката“.

За ДУИ, приговорите се обид за „изборен инженеринг“, а за тоа ги обвинија членовите на ДИК предложени од двете најголеми македонски партии, како и коалицијата „Вреди“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Коалицијата „ Менуваме“ бара јавна расправа за проблемите од нестручноста на Министерството за социјална политика

Дејан Дејан

9-годишното дете кое синоќа падна од зграда и се здоби со тешки повреди денеска е во стабилна состојбата

Дејан Дејан

Јавното обвинителство во контрола на Одделението за борба против организиран криминал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе