Вести Избори 2024 Македонија Најважни

На првиот чекор кон влада на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“, ДУИ го откри документот за уставните измени потпишан и од лидерите на „Вреди“

Прв чекор кон нова влада, прва кочница од ДУИ која објави декларација за несоработување со партии противници на уставни измени.

Преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ го водеше партискиот претседател Христијан Мицкоски, а покрај него беа и  потпретседателите на партијата.

Пристигнаа пред седиштето на „Вреди“, а Мицкоски само потврди дека денешната средба е првиот чекор кон влада на двата политички субјекти.

-Нема да има изјави. Ќе има соопштение. Прва средба за запознавање, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Вратата брзо беше затворена, а на состанокот како што беше најавено се исцртувале контурите и принципите на новата влада.

И додека на плоштадот Скендербег, новите партнери овојпат во власта разговараа, контра удар стигна од другата страна на Вардар- Али Ахмети пред партнерите од Европскиот фронт ја покажа заедничката декларација потпишана од лидерите на ДУИ и на партиите од „Вреди“.

На неа, според Ахмети стои дека Таравари, Меџити, Касами и Гаши нема да прават коалиција со партија која нема да ги поддржи уставните измени.

-Ние, долупотпишаните политички партии, имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжување на процесот на интеграција на земјата во ЕУ, изјави Ахмети кој по азбучен ред ги прочита и имињата на потписниците Арбен Таравари, Африм Гаши, Али Ахмети, Билал Касами и Изет Меџити.

Состанокот на новите парнери за влада, во Вреди траеше речиси два часа. За почеток и првичен договор. Немало дебата за кадровско решенија.

Но, заеднички застанале зад приоритетите- борба против корупција, економски развој и европски интеграции.

-Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, стои во заедничкото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Влен“.

Во текот на средбата разбрале за изјавата на Ахмети која е нов обид на интегративците да влијаат врз веќе почнатите политички процеси.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорѓиевски: Mоќта на градоначалниците е преголема и тоа треба да се ограничи

Дејан Дејан

Централна Европа се справува со катастрофалните поплави

Дејан Дејан

Променливо облачно и свежо – Временска прогноза за 16.9.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе