Вести Македонија Топ вести

Скандал Флешер: Буши ја пречека германската амбасадорка но се „скри“ од прашања- Спасовски ветува „брзо“ разрешување на 11 дена старата сообраќајка и бара помош

Нова помош и германска донација од 360 илјади евра за полицијата, ама на церемонијата не се појави заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Тој го придружуваше министерот Спасовски на средбата со амбасадорката Анке Холштајн, ама пред новинарите и во обиколката на донираните автомобили со флешери, сирени и ротации не се спушти.

На прашањата за скандалот за синот на Буши дека возел автомобил со флешери, кои министерот ги негира како шпекулации повторно одговараше Спасовски.

Сообраќајниот инцидент беше пред 11 дена, МВР истражува од понеделникот, а стигна ново ветување дека за ден ќе има соопштение.

-Направивме малку поопсежна истрага, не само за тој момент. Има снимки каде поминал. И за се тоа во текот на денот или најдоцна утре претпладне ќе има соопштение, рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

КОД на Телма вчера објави нови детали за скандалот, дека синот на Буши користи два автомобили со регистрација 0202, но објави и дека Аудито А6 еднаш е сликано на пајак во Дебар Маало кога и со нечија интервенција било спуштено без пишан прекршок, а вториот пат заедно со полициско возило е паркиран пред Ист гејт мол на место каде е забрането паркирање.(ФОТО долу).

Спасовски останува на ставот дека за се треба да ги известиме МВР и обвинителството иако институциите и по допрен глас може да преземат мерки и се платени за тоа од граѓаните.

Уверува нема селективност затоа што полицајците му пишале и казна за сообраќаен прекршок на опозициски пратеник викендов.

-Нема селективнос. А навистина ќе ви бидам благодарен за информациите кои ги имате и во делот на кривичниот прогон, доколку тие информации ги доставите до нас или до обвинителството, рече Спасовски.

Втората поголема работа, важната истрага за кражбата на масло од канабис од фабрика пред која често бил паркиран автомобилот со лизинг од банка но користен од синот на Буши, засега е далеку од крај.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителство: Во завршна фаза е истрагата за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Дејан Дејан

Спречен шверц на злато пд Турција

Дејан Дејан

Зголемено нивото на браната Калиманци- Оризопроизводителите се жалат дека дел од каналите за наводнување се неисчистени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе