Вести Економија Топ вести

Германските инвеститори со список желби до новата Влада, не им било побарано мито, но корупцијата мора да се искорени

Полесно до дозвола за работа, но и за престој, завршување на инфраструктурните проекти,  и навреме да бидат известени  пред да се донесат нови  одлуки и закони  кои го засегаат бизнисот. Ова е само  дел од списокот на желби, кои германските инвеститори очекуваат новата Влада да им ги исполни. Велат одредени закони се носат толку бргу без најава поради што не можат да ги прилагодат своите финансиски планови.

 -Трошоците за плати во последните  години се зголемија и еден  од клучните ризици и проблеми е тоа што најчесто краткорочно се најавуваат планираните зголемувања и самите компании не можат долгорочно да ги  планираат овие трошоци, вели Антје Ванделт-директор на АХК Македонија

Корупцијата, судството и лошата администрација и натаму остануваат главни проблеми за нив. Барем до сега од ниту еден германски инвеститор не било побарано мито, но не знаат зошто мора долго време да чекаат службите да им издадат одредени документи.

Директно корупција не,  но со она што сме се соочиле е тоа што некои процеси долго се пролонгираат , како на пример процесот за вадење на работни дозволи или други типови дозволи каде што без одговор не знаеме зошто одлуката не е донесена, не знаеме зошто сме одбиени, зошто трае и зошто нема решение, додава  Ванделт.

Поради промената на Власта,  македонските менаџери во странските фирми не очекуваат да промени во размислувањата на инвеститорите.

Не очекувам,  постои еден широк консензус  мора да сме максимално отворени кон странски инвестиции и сите сме свесни дека интеграцијата во ЕУ нема алтернативна и до сега проблеми сме гледале од страна на Европската унија за интеграцијата, а од Македонија не, вели Огнен Цувалевски директор на ОДВ Електрик 

Иако, генерално бизнис климата ја оценуваат како добра, сепак расте процентот  на оние инвеститори кои сметаат дека се влошува.

Недостатокот на стручен кадар е најголем проблем. Според бројките секоја трета германска фирма која веќе работи тука, не би го ширела бизнисот во земјава. Во однос на странските инвестиции Африка  полека станува сериозен конкурент на Балканот.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Дејан Дејан

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе