Вести Македонија Топ вести

РЕК Битола работи со само еден блок, од ЕСМ молчат

РЕК Битола од вчера работи само со еден блок. Блок 2 од вчера е исклучен од мрежата, потврдија извори за Телма, но од државната компанија ниту вчера, ниту денеска нема официјална информација на што се должи исклучувањето, односно дали станува збор за испад или ремонт.

Според официјалните информации од Владата, вчера термолекетраните, односно РЕК Битола произвела 5.637 мегават часови струја, додека хидроелектраните и Ветерниот парк Богданци произвеле 6.205 мегавати часови струја. За да ги задоволи потребите на домашниот регулиран пазар, вчера се купени 4.580 мегават часови струја за кои се потрошени над 800.000 евра.

За првите четири дена од декември, ЕСМ ќе потроши околу шест милиони евра за набавка на над 15.000 мегават часови електрична енергија. На сајтот на ЕСМ повторно ги нема објавите за новата набавка. Последната објава е од 27 ноември.

ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино и покрај најавите сè уште не се во функција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе