Вести Македонија Топ вести

Кадиев за превирањата во судскиот Совет: Претседателката беше ставена да се избори со притисоци, а не поради притисоци да даде оставка

Пред се, била ставена таму за да се избори со такви притисоци, а не заради такви притисоци да си даде оставка, е ставот што адвокатот Дељо Кадиев го изнесе во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ во врска со оставката на претседателката на судскиот Совет, Павлина Црвенковска која како причина во изјавата наведе „дека била под притисок на судско-бизнис елита“.

„Второ што ме загрижи, не знам само дали беше несреќна изјава или беше навистина содржано во нејзина изјава, е „се надевам дека новиот претседател ќе ѝ одговара на судско-бизнис елитата“. Многу ми е загрижувачка таквата изјава. Вие си давате оставка и велите „се надевам дека органот ќе подлегне на таа судско-бизнис елита“. Ако тоа е иронично кажано, мислам дека е несреќно избрана иронијата во тој момент, на тој начин“, смета Кадиев.

Тој рече оти не може да посведочи дали постои судско-бизнис елита која врши влијание, но истакна дека веројатно има притисоци.

„И ние низ кулоарите слушаме дека постои одредена загриженост, постојат одредени реакции кај судии. Мојот став е дека одредени квалитетни судии не напредувале и ќе се запрашате зошто е тоа така. Тоа чувство на страв постои кај судиите од судскиот Совет, што не би требало да постои кај еден квалитетен судија“, вели Кадиев.

Тој се наврати на 2009 година и Правилникот за оценка на судиите за да го образложи стравот, како што вели, е присутен меѓу нив.

„Судиите сакаа да го оспорат на Уставен суд. Ме замолија дали би го направил тоа, јас се согласив. И кога дојдовме до моментот кој ќе биде иницијатор, носител, им реков дека тоа можат сите или двајца-тројца, може еден. На тоа ме прашаа дали тоа може да оди преку здружение и сфатив дека има страв и ја презедов одговорноста јас да бидам иницијатор. Иницијативата мина успешно. Но, страв имало и имало зошто“, посочи Кадиев.

Зоран Герасимовски стана член на УО во Академија за судии и обвинители на тензичната седница на судскиот Совет, последна под раководство на Павлина Црвенковска. Таа вчера си поднесе оставка со образлжение дека судско-бизнис елита работела против неа. Министерот за правда, Никола Тупанчески со коментар дека таквите сериозни обвинувања на Црвенковска „треба да нè загрижат сите“.

Во понеделник ќе се бира наследник на Црвенковска. Извори на Телма велат дека фаворит за прв човек во Судскиот совет е Весна Дамева, која пред да стане член беше стручен соработник на Добрила Кацарска, додека таа беше судика во Кривичен. Дамева била и во правната комисија на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши ?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе