Вести Македонија Топ вести

Арсовска во „Топ тема“ за протестот на приватните превозници: Причина за раскинот не е Градот, туку нивното непочитување на договорните обврски

Двете здруженија имаа склучено договори со Градот Скопје, а преку Градот и со ЈСП, но и едното и другото здружение дозволија да се раскинат поради непочитување на одредбите од договорот. Причина за раскинот не е Градот, туку нивното непочитување на договорните обврски, истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„За едното здружение е согласно членот 29 во договорот што го имаа склучено на крајот на минатата година, а тоа е дека не обезбедуваше превоз на линиите во договорениот обем и тоа најмалку 80 проценти во текот на повеќе календарски месеци. Прво, треба да се погледнат причините зошто го прават тоа, второ, несомнено е дека сакаат да направат привид на хаос. Трето, она што е значајно за нас, е дека договорите се раскинати не по наша вина, туку затоа што некој не си ги почитиувал одредбите на онојо договор кој што го имал склучено“, изјави Арсовска.

Град Скопје, како што нагласи Арсовска, понудил, преку нов јавен повик, под соодветни услови, секој да може да аплицира во Градот и директно да работи и да си заработува чесно.

„Ова што го видовме со овие здруженија и ова што се случуваше во изминатите месеци е далеку од тоа. Ние ќе оставиме на институциите да пристапат и истражат што се случувало“, рече Арсовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе