Вести Македонија Топ вести

Бегајќи од бездомни кучиња, жена во Тетово си скршила нога и си ја повредила раката

Со скршеница на десната нога и повредена рака заврши 40 – годишна жена во обидот да избегне напад од бездомни кучиња вчера во Тетово. Непријатниот настан се случил во неделата околу 23 часот на булеварот „Маршал Тито“ кај зелениот пазар.

-Се движев од дома кај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардиниерата помеѓу тротоарот и велосипедската патека, но тука се сопнав и ја искршив ногата и ја повредив раката, вели В.С инаку мајка на три деца.

Жената била однесена во тетовската болница каде поради скршеницата на ногата и е направена имобилизација со гипс, а санирана била и повредата на раката. Случајот е пријавен во полиција, со тоа што полициска екипа дошла во болницата да направи записник за пријавениот напад од бездомни кучиња.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе