Вести Македонија

Заедничка изјава на Пендаровски и претседатели на НАТО земји-членки за руската одлука за анексија на украински територии

Претседателите на НАТО земји-членки од Централна и Источна Европа, меѓу кои и претседателот Стево Пендаровски, дадоа заедничка пишана изјава во врска со одлуката на Русија за нелегално анектирање на украински територии во која повторно изразуваат поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа сведоци на последиците од руската агресија, не можеме да молчиме пред фрапантното прекршување на меѓународното право од страна на Руската Федерација и во таа насока ја даваме следнава изјава: Повторно ја изразуваме нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анектирање на која било украинска територија, се наведува во изјавата.

Цврсто стоиме, се посочува понатаму, на одлуката од НАТО Самитот во 2008 година во Букурешт за членството на Украина во иднина.

Даваме целосна поддршка на Украина во својата одбрана од руската инвазија, бараме од Русија веднаш да се повлече од сите окупирани територии и ги охрабруваме сите сојузници значително да ја зголемат воената помош кон Украина.  Секој што ќе изврши чин на агресија мора да сноси одговорност и да биде изведен пред правдата, стои во заедничката изјава.

На изјавата потпишани се Милош Земан, претседател на Чешката Република, Алар Карис, претседател на Република Естонија, претседателот на Република Латвија Егилс Левиц, Гитанас Науседа претседател на Република Литванија,  Стево Пендаровски претседател на Република Северна Македонија Мило Ѓукановиќ претседател на Република Црна Гора, Анджеј Дуда претседател на Република Полска Клаус Јоханис, претседател на Романија и Зузана Чапутова, претседателка на Словачката Република.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе