Вести Македонија Топ вести

КСЗД: Присуството на бугарскиот конзул за време на најавениот увид е притисок и можност за политичко влијание

Притисок и можност  за политичко влијание, вака Комисијата за спречување и заштита од  дискриминација го оцени  присуството на бугарскиот  конзул во Битола, при вчерашниот увид во просториите на Културниот центар Иван  Михајлов. Во  соопштението испратено до  медиумите,  наведуваат дека  за ова е  известено и македонското Министерство за надворешени работи и бараат соодевтна реакција.

При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР,“ се наведува во соопштението од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, велат од КСЗД.

 

Од Комисијата додаваат дека се избрани од македонското Собрание и за својата работа одговараат единствено пред оваа институција.  Телма очекува одговор од  МНР дали ќе има протестна нота за  овој дипломатски скандал.

Комисијата вчера изврши увид во просториите  на бугарскиот клуб во Битола по претставка поднесена од друго граѓанско здружение за дискриминација по основ на национална и етничка припадност, но,  претседателката Весна Бендевска  не откри детали  додека трае постапката.  Отворањето на бугарско здружение на среде Битола со  името на близок соработник на фашистите ги разгневи битолчани, а реакциите беа големи и за ентериерот, каде покрај неколкуте портрети на Ванчо Михајлов, врамен е и цитат кој ја негира македонската нација.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе