Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Да, црвените линии се поминати, но од земја членка на ЕУ

Опозицискиот лидер се сложува со еврокомесарот дека црвените линии се преминати, но, не од опозицијата, туку од земја-членка на ЕУ. По повикот на Вархеји дека ова е момент на отрезнување за опозицијата, вели дека нашиот источен сосед го троши и кредибилитетот на Унијата, која им удоволува на нивните мегаломански барања

Вархеји во интервју го критикуваше односот на опозицијата кон францускиот предлог и палењето на документот во пленарната сала. Рече дека, постојат јасни граници за цивилизираната политика, но неговата проценка е дека многу од тие црвени линии беа поминати од опозицијата.

Вархеји пред една недела испрати порака и дека, уставни измени мора да се случат, но Мицкоски останува на ставот дека првин мора да се организира референдум. За шпекулациите дека, Собранието ќе се прогласи за ненадлежно за распишување на референдумот, бидејќи рамката ја усвојува Владата,вели дека,вакво процедурално алиби не е можно, затоа што во изгласаните заклучоци во Собранието,   стои дека Собранието ѝ препорачува на Владата да ја усвои и прифати предложената рамка.Прецизни формулации околу референдумот се очекуваат во втората половина на август.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе