Вести Македонија

Недовршените собраниските седници продолжуваат денес

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи продолженија на 50-та и на 57-та седница.

На дневниот ред на 50-та седница, според информациите од веб-страницата на Собранието, преостанати се неколку точки и тоа Предлог стратегијата за родова еднаквост 2021-2026, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за иновациска дејност, Предлог законот за лекови, Предлог законот за парничната постапка и Предлог на закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

По завршувањето на 50-та Собранието треба да продолжи со работа по 57-та седница на која треба да се разгледаат Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка и Предлог на закон за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја.

 

Исто така во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет на која на дневен ред е Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за 2021 година.

Пред членовите на оваа Комисија ќе се најде и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за 2021 година, Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во 2021 година, како и Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2021 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе