Вести Македонија

Заврши расправата за предлог одлуките за испраќање припадници на Армијата во „АЛТЕА“ и „EUTM RCA“, седницата прекината

Во Собранието денеска во рамки на 71-вата седница заврши расправата по Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, и Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република. Поради немање кворум гласањето по овие точки ќе биде дополнително закажано.

На денешната седница без расправа поминаа и уште неколку предлог-закони, за кои, исто така ќе се гласа дополнително.

Беа разгледани и десетина барања за автентично толкување на членови од закони, поднесени од пратеници и градоначалници, но сите беа одбиени како неоправдани.

Претседателот на Собранието Талат Џафери потоа ја прекина 71. седница и најави дека нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе