Вести Македонија

Во Куманово почна втората фаза од проектот „Набавка на опрема за намалување на загуби на вода“

Денеска надлежните од јавното претпријатие „Водовод“соопштија дека почна втората фаза од проектот „Набавка на опрема за намалување на загуби на вода“,“.

Во рамките на ова фаза, екипите на „Водовод поставуваат мерно-реглуациона опрема за следење и мониторинг на проток и притисок.

– Предвидено е поставување на мерно-регулациона опрема на 18 локации на територијата на Општина Куманово за следење и мониторинг на протокот и притисокот, веќе е поставена опремата на пет локации, а во наредниот период ќе биде поставена опрема и на останатите 13 локации. Се користат квалитетни мобилни ултразвучни мерачи за проток и сонди за мерење на притисок, сè со цел подобро управување со водоснабдувањето и навремено детектирање и санирање на настанатите проблеми во системот, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.

Информациите од мерните локации, како што појаснуваат стручните, се испраќаат до главниот „Скада“ центар каде се следи процесот на обработка на добиените информации од вработените во претпријатието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителство – Генерално мирен изборен ден без поголеми нарушувања

Дејан Дејан

Арбер Адеми не гласал за претседател, а ДУИ очекува 20 пратеници во Собранието

Дејан Дејан

Муцунски: Отворениот повик на ДУИ за бојкот не успеа, извесно е дека партијата ќе оди во опозиција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе