Вести Македонија

Продолжува казнувањето на возачи

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје биле изречени 134 мерки. Од санкциите, 68 биле за  возење повеќе од дозволената брзина, 8 за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.-Изречени се две мерки за користење мобилен телефон, 21 санкција за возење под дејство на алкохол, четири за нерегистрирани возила и други, соопштуваат од МВР.

Од МВР апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и велат дека тие ќе продолжат со засилени акциски контроли.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг вчера пристигна во Србија

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

Дејан Дејан

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе