Вести Македонија

На 15 нови локации во Скопје ќе биде поставена урбана опрема

Советот на Град Скопје на денешната 15-та седница ја донесе Одлуката за определување локации за поставување урбана опрема, подвижни објекти, апарати и други направи во Градскиот парк Скопје, паркот Гази Баба, СРЦ Сарај, „Рајски парк“ во Ново Лисиче и на кејот на реката Вардар.

Како што соопшти Град Скопје, со одлуката се предвидени 15 нови локации, од кои во Градскиот парк три локации, во Гази Баба, исто така, три, во СРЦ Сарај четири локации, во „Рајски парк“ во Ново Лисиче две локации и на кејот на реката Вардар три локации.  Станува збор за урбана опрема и поставување подвижни апарати на предложените локации, што ќе овозможи да се зголеми посетеноста на наведените локалитети. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе