Вести Македонија

Поднесено обвинение против тројца за убиството на ракометарот Денис Тот-заеднички го убиле спортистот пред дискотека

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Според законот за вака квалификувано убиство е предвидена минимална казна од минимум 5 години затвор, додека максималната не е предвидена и може да биде до доживотен затвор.

Обвинетите, две момчиња и една девојка на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети, бидејќи се уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата.

Хрватскиот ракометар Тот настапуваше за Металург, а првичните информации беше дека не бил хоспитализиран поради насилни повреди. Дури откако почина во болница без да се разбуди од кома, властите почнаа истрага и утврдија дека станува збор за убиство.

За време на претепувањето пред дискотека без лиценца во скопскиот парк, околу сцената на убиството стојат десетина луѓе и никој не презема ништо за да го прекине трагичниот инцидент.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе