Вести Македонија

Два активни пожари во малешевско-пијанечкиот регион

Во Малешевско-Пијанечнкиот регион активни два пожари. Беровскиот градоначалник го повика населението да се вклучи во гаснењето на пожарот меѓу Митрашинци и Будинарци.

Во моментот гори голем пожар над селото Митрашинци, над објектите на семејството Валаски. Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелирам до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година, повика на својот фејсбук профил Пекевски.

Пожарот меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци, е во планинински предел, на непристапен терен е е надвор од контрола, вели командирот на беровските пожарникари, Сашко Руменковски.  Според првичните проценки на пожарникарите зафатени се околу 50 хектари мешана шума од даб и бука.  На терен се околу 30 пожарникари, вработени во Македонски шуми, како и од доброволното противпожарно друштво. На пожарникарите им е потребна градежна механизација, за да ги исчистат непристапните патишта и го стават под контрола огнот.

Попладнево почна да гори и шума во атартите на делчевските села Разловци и Трботивиште и таму на терен се сите екипи. Првично беа зафатени два до три хектари шума.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе