Вести Македонија

Пресуди против Македонија во судот во Стразбур поради старите законски решенија

Брачен договор со кој партнерите ќе се договорат за имотот и регулирање на вонбрачната зедница, се само дел од новините што ќе се воведеат во македонскиот правен систем со граѓанскиот законик. Оваа правна реформа е неопходна поради правните празнини и застарените законски решенија кои не функционираат во пракса и создаваат проблеми во секедневието на граѓаните во сферата на наследните и семејните права како и правата на децата објаснуваат експертите кои работат на подготовката на Граѓанскиот законик.

Се предлага и моделот на заедничко старателство по разводот на родители, што во модерните европски закони го има со години и децении. Граѓанскиот законик треба да ги надмине и слабостите во регулирање на родителското право по разводот, поради што Макеоднија губи пред судот за човекови права во Стразбур.

За кодификацијата на граѓанското законодавство се дискутира повеќе од една деценија. Се формираше и комисија за негово изготвување, но до сега не беше донесен граѓанскиот зкаоник. Според денешните најави оваа голема реформа треба да заврши 2 години. Законот за наследување е стар речиси 7 децении а законот за семејство не е променет 30 години вели професорот Дејан Мицковиќ.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе