Вести Македонија Топ вести

Омбдусманот бара строга казна за негувателката во домот за доенчиња во Битола

Народниот правобранител ги потврди информациите што ниедна институција официјалано не сакаше да ги соопшти, дека пијана негувателка во Домот за доенчиња во Битола,  врзала  7 годишно дете  со попреченост за кревет, сместено во мал групен дом.

Во соопштението  од омбудсманот Насер Зибери  се наведува дека изврешен е увид во оваа установа на 7 јуни, по што се потврдени наводите во медиумите

„Притоа, во разговор со директорот и правникот, како и увид во целокупната документација изготвена по повод настанот, наводите се потврдени, констатирано е дека вработената била во алкохолизирана состојба и дека едно од децата било во вреќа за спиење, која била врзана за кревет, со што детето било оневозможено да се движи“, се наведува во соопштението од Народниот правобранител.

Со ова се  повредени повеќе членови од ратификувани меѓународни конвенцнии, поради што народниот правобранител очекува  Министерството за труд и социјала да преземе мерки за најстрого санкционирање на ваквиот однос на вработената.

Според Народниот правобранител, малите групни домови се важни  за децата и освен што се  место на живеење, се и место каде децата треба да ја добиваат љубовта, грижата и поддршката од вработените

„Особено треба да се зајакнат критериумите, но и да се води грижа за начинот на селекција на лицата кои се вработуваат во установи и други форми на згрижување на деца и лица со попреченост, со оглед дека поради нивната возраст, или попреченост истите не се во  состојба да го препознаат или пријават несоодветниот третман од страна на оние кои се одговорни за давање грижа. Потребно редовно да се контролира и мониторира квалитетот на услугата која ја даваат вработените во јавните установи, вклучително и во Малите групни домови“, посочува Омбудсманот.

Настанот кој ја вознемири јавноста се случи во саботата вечерта, кога полицијата ја затекна 37 годишната вработена во алкохолизирана состојба, а 7 годишното дете врзано за кревет во вреќа за спиење.

Таа беше приведена, а  против неа е  поднесена кривична пријава.

Од Министерството за труд и социјала тогаш  кусо  соопштија дека е покрената дисциплинска постапка, а 7 годишното дете е прегледано од лекар кој утврдил дека  е  во добра психофизичка сосотојба.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе