Македонија

Нови 243 случаи на КОВИД-19, оздравени 100 и починати четири лица

Во последните 24 часа се направени 1.831 тестирање, а регистрирани се 243 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 100 лица, а починати се четири пациенти, информира денеска Министерството за здравство. Вкупната бројка на активни случаи во земјата изнесува 2 585.

По градови регистирирани се 98 новозаболени во Скопје, 21 – Струмица, по 12 во Прилеп и Свети Николе, по 11 во Куманово и Кочани, по девет во Струга, Радовиш и Берово, 7 во Штип, по 5 во Битола, Охрид, Гостивар и Гевгелија, по 4 во Кавадарци и Валандово, 3 во Велес, по два во Тетово, Крива Паланка, Виница, Делчево и Неготино, и по еден во Пробиштип, Демир Хисар и Кичево.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 100 оздравени пациенти од: Скопје-39, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-4, Велес-7, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Гевгелија-2, Струмица-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-1,  Македонски Брод-1, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2, Ресен-5.

Починати се четири лица, и тоа еден 65-годишен пациент од Прилеп, 82-годишен од Битола, и двајца на 72 и 80-годишна возраст од Куманово. Три пациенти се починати во болница, еден вон болнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18 602, бројката на оздравени пациенти е 15 264, на починати се 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 585. Денеска се евидентираат четири контролни теста.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Во Скопје заразени 7 291 и 891 активен случај, во Куманово – 1 795, активни -186, Дебар – 287 и активни 32, во Штип – 1275 и активни 60, во Прилеп 709 и активни 134, во Тетово 1472 и активни 149, во Струга 685 и активни 50, во Велес 337 и активни 31, во Битола 328 и активни 73, во Охрид 437 и активни 37, во Кавадарци 251 и активни 49, во Гостивар 943 и активни 82, во Гевгелија 135 и активни 45 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 18 на Богданци и 12 се странски државјани), во Струмица 293 и активни 178, во Крива Паланка 122 и активни 36, во Радовиш 99 и активни 35, во Крушево 20 и еден активен, во Кочани 403 и активни 183, во Пробиштип 117 и активни 20, во Демир Хисар 62 и активни 2, во Македонски Брод 93 и активни 6, во Пехчево 45 и активни 4, во Берово 122 и активни 46, во Валандово 44 и активни 31, во Виница 119 и активни 30, во Делчево 167 и активни 83 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), во Кратово 26 и активни 2, во Свети Николе 371 и активни 58, во Кичево 333 и активни 3, во Ресен 164 и активни 6, во Неготино 57 и активни 10 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Направените 1 831 теста се преку: ИЈЗ-502, ЦЈЗ Скопје-91, Авицена-336,  Биотек-252, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-230, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-10, ГАК-17, Синлаб-22, лаборатории од странство-1. Досега во земјата се направени вкупно 193.652 тестирања на Ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се седум пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се едно дете и мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се три пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје денеска има во Аеродром – 144, потоа Центар – 142, Карпош – 129, Кисела Вода – 104 и Гази Баба – 102. Потоа следат Чаир – 65, Ѓорче Петров – 64, Илинден – 35, Бутел – 32, Шуто Оризари – 18, Сарај – 15, Студеничани – 7, Арачиново, Петровец и Чучер Сандево по 6, Зелениково – 3,  Сопиште – 2 и 11 странци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе