Вести Свет Топ вести

Ердоган им понуди на Русија и на Украина мировни преговори во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им понуди на Русија и на Украина мировни преговори во Турција. Неговата понуда стигна преку видео порака, емитувана на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ во Тирана, нагласувајќи дека неговата земја е подготвена да биде домаќин.

Ердоган повика на заедничка работа за „утврдување на општите параметри на мирот“ и изјави дека, во оваа смисла, Анкара во принцип го поддржува мировниот предлог на Украина.

Тој потсети дека Турција помогна во спроведувањето на Црноморската иницијатива за жито, од која Русија се повлече во летото 2023 година.

Москва и Анкара претходно ја најавија посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Турција. Посетата ќе се одржи по претседателските избори во Русија, закажани за 17 март.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, уапсено е 14-годишно момче

Дејан Дејан

Не стивнуваат страстите во соседна Грција по инаугурацијата на Силјановска Давкова, Мицотакис со порака до Мицкоски

Дејан Дејан

Николоски МВР, Муцунски МНР, Кочовска финансии? Дали тројца потпретседатели од ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат за министри?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе