Вести Македонија Топ вести

Не стивнуваат страстите во соседна Грција по инаугурацијата на Силјановска Давкова, Мицотакис со порака до Мицкоски

Нова предупредувачка порака стигна денеска од Грција околу почитувањето на Договорот од Преспа. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, говорејќи во кампањата на Нова демократија за европските избори, во градот Вориа во северна Грција, не ја заобиколи Македонија и последните случувања околу употребата на уставното име, велејќи дека Договорот мора да биде почитуван.

Ако некој мисли дека може да не го почитува Договорот, нека знае две работи: Прво, дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, и дека, второ, меморандумите што мораме да ги ратификуваме, нема да бидат ратификувани додека не се постигне апсолутна усогласеност. Апсолутно почитување од страна на новата влада со она што го предвидува Договорот. Грчката влада пристапува кон сите овие прашања без одење во крајности, без многу зборување и со потребната строгост, рече грчкиот премиер.

Мицотакис пораката за отвореното прашање со соседот, ја испрати од, како што рече, срцето на Македонија, велејќи дека иако неговата партија не гласала за Договорот од Преспа и изразила сериозно противење кога тој беше ратификуван во грчкиот парламент, дека сепак Договорот е стапен на сила и не може да се менува.

Грчките медиуми денешната изјава на Мицотакис ја пренесуваа како одговор на вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрстојан Мицкоски, кој рече дека без разлика што Договорот од Преспа е дел од македонските институции, Устав и закони и комуникацијата во институциите и самите институции остануваат согласно Уставот,  негово човеково право како ќе ја именува државата пред јавноста и медиумите, без оглед што

Но ако Мицотакис му испрати на Мицкоски индиректна порака, грчкиот шеф на дипломатија тој го нарави директно. Пораката на Јоргос Герапетритис денеска гласеше дека нема простор за отстапки околу Договорот од Преспа и дека Грција нема тоа да го толерира. Тој зборувајќи во грчкиот парламент изјави дека Грција ќе ја следи ситуацијата во Македонија и оти бара  од владата и од претседателот на на земјава доследно да го имплементираат Договорот од Преспа.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран ги откажа летовите од сите аеродроми од вечерва во 21 часот до изутрина во 6 часот

Дејан Дејан

Ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на гасот – српскиот премир Милош Вучевиќ утре гостин на Мицкоски

Дејан Дејан

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе