Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Гордана Силјановска Давкова- нов претседател на Република Северна Македонија

Гордана Силјановска Давкова е 6-ти претседател на државата и прва жена која е избрана на оваа позиција.

Силјановска Давкова е прв опозициски кандидат кој победува на претседателски избори од осамостојувањето до денес.

ДИК: Претседателски избори: Силјановска- 405.414 (64,70%),  Пендаровски 183.671 (29,31%) (преброени 74,89 % гласови).

Гордана Силјановска Давкова е кандидатка на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Досега беше пратеничка во Собранието. Долгодишна универзитетска професорка на Правниот факултет во Скопје.

Родена е на 11-ти мај 1953-тата година, стои во нејзината биографија на веб сајтот на Собранието. Во вториот обид на претседателски избори, Гордана Силјановска Давкова, на три дена пред нејзиниот 71-ви роденден, стана новиот Претседател на Република Северна Македонија.

По победата таа се обрати до граѓаните и поддржувачите.

Силјановска – Давкова: Граѓаните направија вистински избор

Граѓаните направија вистински избор со тоа што избраа за првпат жена да стане претседател, рече кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова, која, според досегашните резултати од изборите, веќе извесно ќе биде избрана за нов претседател на Македонија.

„Со мене, држете ме за збор, кога ќе се опкружам со жени слични на мене, жени по моделот на Вацлав Хавел, субверзивни, свои, стамени, кои умеат да изразат став на свој начин, поинаков од машкиот, да го бранат, тоа е голем исчекор и тоа е за мене реформски чекор“, рече Силјановска – Давкова.

Таа оцени дека и покрај партиските и политички притисоци, граѓаните, без разлика на етничка, верска, социјална или друга припадност се одважија да излезат да гласаат. Повиците за бојкот ги оцени како неполитичко однесување.

Таа ги отфрли критиките за национализам, и најави дека во нејзиниот кабинет ќе има и Албанци, Турци и од другите етнички заедници. Силјановска – Давкова повика на единство и најави дека ќе направи сè во одбрана на националните и државните интереси.

Таа оцени дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе