Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Мислам дека не ме прочитавте кога реков дека на државата и треба стабилност и иднина – Ахмети за евентуално одење на ДУИ во опозиција

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва од седиштето на партијата во Мала Речица рече дека коалицијата „Европски фронт“ е втора сила во државата по денешните избори.

„Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ“, рече Ахмети.

Според Ахмети, денес, повеќе од кога било, на државата и треба стабилност, мир, нула проблеми со соседите, владеење на правото, почеток на преговорите и отворање на меѓувладините состаноци за официјален почеток на членството во ЕУ.

„Остануваме силен фронт на мисионерите до реализација на финалните цели за членство во ЕУ“, рече Ахмети.

Лидерот на „интегративците“ ја честита победата на Христијан Мицкоски.

„Честитки. Утре е 9 мај, да го оставиме назад фолклорот, да го оставиме назад потценувањето и да се зафатиме за работа за стабилноста на државата, за иднината на државата. Затоа што само ако сме рационални, можеме да го гарантираме мирот, стабилноста во нашата земја“, порача Ахмети.

Запрашан дали победата на ВМРО-ДПМНЕ значи дека ДУИ оди во опозиција и доколку е така, каква опозиција ќе биде партијата, Ахмето одговори:

„Мислам дека не ме разбравте кога реков дека на државата и треба стабилност и иднина“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе