Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Biljal Kasami

Коалицијата Вреди излезе како победник во сите општини со мнозинско албанско население. Од утре почнуваат преговорите за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција Вреди. Честитки на сите Албанци, честитки за сите граѓани, изјави вечерва во Тетово Биљал Касами од БЕСА.

Тој рече дека разликата што ја направиле ДУИ во однос на нив се должи на гласовите на помалите етнички заедници, како Турци, Роми и Бошњаци, но оти тие победиле кај Албанците.

„Коалицијата Вреди е апсолутен победник кај Албанците. Ова е како резултат на доаѓањето на нашите иселеници. Затоа 100 илјади пати им велам „благодарам, благодарам, благодарам!“ на сите тие кои дојдоа и уште еднаш ја направија разликата во татковината. Затоа во име на 100 илјади гласови на Коалицијата ВЛЕН им кажуваме благодарам, изјави Касами.

Раководството и симпатизерите на албанската опозициска коалиција „Вреди“ ја славеа, како што рекоа, победата на парламентарните избора на Плоштадот Илирија во Тетово.

Според податоците на ДИК, по обработени 95 отсто од гласачките места, Коалицијата на ДУИ освои 19 пратеници, а Коалицијата Вреди 13 пратеници.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе