Вести Македонија

Јакимовски го призна поразот: Срамен изборен ден, ниту една државна институција не виде „бугарски воз“ кој ќе ни донесе Бугари во Уставот

Лидерот на ГРОМ, кој ја предводи коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски вечерва го призна поразот на парламентарните избори. На прес-конференција тој и ја честиташе победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

„Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде блиску до 60 пратеници што е блиску до апсолутна власт и во делот на парламентарната власт, локалната самоуправа и во делот на претседателот, тоа значи апсолутна власт, а очигледно дека ќе има можност и за двотретинско мнозинство. Очекувам дека ќе има тешки одлуки, но моето политичко искуство покажува дека апсолутната власт не е на арно, бидејќи таа апсолутна власт носи девијации и како резултат на тоа доаѓаме до ретроградни процеси на кои не сакаме да бидеме сведоци“, рече Јакимовски на прес-конференција.

Како што посочи, денеска граѓаните се определиле за враќање на уставното име, за поништување на договорот со Бугарија и за реваншизам затоа што, според Јакимовски, целата оваа кампања се водела во насока дека треба на некому да му се реваншираме.

Според Јакимовски, денешниот изборен ден бил срам за државата, бидејќи ниту една државна институција не го видела поткупот на гласачи и т.н. бугарски воз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе