Вести Избори 2024 Македонија

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

До последен глас, ќе се формираат мандатите од парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ стои стабилно на 59 мандати, а СДСМ и ДУИ се натпреваруваат за еден мандат и кој ќе биде на 19 пратенички места.

Проекциите покажуваат две можни состојби според едната ДУИ има 19 места, а СДСМ 18 пратеници. Според втората опција, состојбата е обратна и СДСМ е на 19 пратенички места, а ДУИ на 18.

Досега неколкупати си разменија мандат во проекциите, а на 95% пребројани гласови во водство во оваа мртва трка е ДУИ пред СДСМ. Но, можна е и промена.

Останатите остануваат на исто, коалицијата „Вреди“ освојува 13 пратенички мандати. Во Собранието влегуваат и 6 пратеници на Левица, а на 6-тата позиција е ЗНАМ која треба да пополни 5 столчиња во Собранието на Република Северна Македонија. .

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе