Вести Свет Топ вести

Серија земјотреси го потресоа Тајван

Серија земјотреси го погодија Тајван рано утрово, а најсилниот од нив беше со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Нема извештаи за жртви, иако има дополнителни штети на две катни згради кои беа евакуирани по земјотресот што ка погоди земјата пред еден месец и кој беше со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала.  Тогаш загинаа 13 лица, а повредени беа над 1.000.

Тоа беше најсилниот земјотрес во последните 25 години што го погоди островот и беше проследен со стотици последователни потреси.

Најсилниот потрес утринава бил со епицентар на 28 километри јужно од градот Хуалиен, на длабочина од 10,7 километри. Училиштата и канцелариите во Хуалиен и околниот округ се затворени, бидејќи стотици последователни потреси продолжија да го погодуваат копно.

Тајван не е непознат по моќните земјотреси, но штетите на високотехнолошкиот остров се релативно ограничени благодарение на неговата одлична подготвеност за земјотреси, велат експертите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе