Вести Свет Топ вести

Четворица уапсени во Германија обвинети дека шпионирале за Кина

Четириесетитри годишниот Џијан Г., за кого германските медиуми пишуваат дека е помошник на европратеникот на Алтернатива за Германија, кој е кандидат за европските избори Максимилијан Кра е уапсен во Дрезден. Според обвинителите тој им предал информации за Европскиот парламент на кинеското разузнавање. Министерката за внатрешни работи на Германија Ненси Фезер рече дека обвинувањата се исклучително сериозни: „Ако се потврди дека некој шпионирал за Кина во Европскиот парламент, ова е напад одвнатре врз европската демократија“.

Претходно три лица, осомничени дека шпионирале за Кина и договарале пренос на информации за технологија со потенцијална воена употреба се уапсени во Германија. Според обвинението тројцата германски државјани работеле за кинеското разузнавање уште од јуни 2022 година. Тие се осомничени и дека ги прекршиле германските закони заради извоз на специјален ласер без дозвола. Еден од осомничените, идентификуван како Томас Р. наводно бил агент на вработен во Министерството за државна безбедност на Кина и набавувал информации во Германија за „воено употребливи иновативни технологии“. Во шемата тој ги вклучил  Хервиг Ф. и Ина.

Ф, брачен пар кој поседува компанија во Дизелдорф. Двојката, наводно, склучила договор за трансфер на истражување со неидентификуван германски универзитет, а првиот чекор бил изготвување студија за кинески партнер за машински делови што може да се користат за моќни бродски мотори, вклучително и за воени бродови а бил финансиран од кинеската држава, стои во обвинението. Тројцата обвинети денеска ќе бидат изведени пред суд. Во моментот на апсењата, осомничените биле во преговори за понатамошни истражувачки проекти кои би можеле да бидат корисни за проширување на борбената сила на поморската страна на Кина. Истражителите ги претресоа нивните домови и канцеларии.

Кинеското Министерство за надворешни работи порача дека треба да се стопира ширењето на дезинформации со цел оквалификување на земјата како шпионска закана. Според тамошните власти вакви извештаи имало не само во Германија, туку и во Велика Британија.

  • Неодамнешните извештаи во Европа за кинеското шпионирање се наметнуваат со цел да се оцрни и да се потисне Кина, рече Ванг Венбин, портпарол на Министерство за надворешни работи на Кина.

Забележавме такви извештаи не само во Германија, туку и во Велика Британија. Ние цврсто се спротивставуваме на таквите обвинувања, ги повикуваме релевантните страни да престанат да шират дезинформации за кинеската шпионска закана и политичка манипулација и злонамерно оцрнување на Кина.

Венбил и порача на Германија дека е време да го напушти менталитет од Студената војна и да престане со антикинеска политичка манипулација.

  • Би сакале да нагласиме дека Кина секогаш остварува соработката со сите земји во светот, вклучително и со Европа, врз основа на принципот на меѓусебно почитување и немешање во внатрешните работи, рече Ванг Венбин, портпарол на Министерство за надворешни работи на Кина.

Унапредивме и заемно корисна соработка со релевантните страни во согласност со законите и прописите. Се надеваме дека релевантните луѓе во Германија ќе можат да го напуштат овој менталитет од Студената војна и да престанат да ја користат таканаречената шпионска закана за да се вклучат во антикинеска политичка манипулација.

Осомничените беа уапсени една недела по тридневната посета на Кина на канцеларот Олаф Шолц, негова втора откако ја презеде функцијата кон крајот на 2021 година. Германските власти не се занимаваат со тоа дали владата била запознаена со случајот во тоа време, но рекле дека патувањето немало никаква улога во времето на апсењата. Во исто време британските обвинители соопштија дека поранешен истражувач кој работи во Парламентот на Обединетото Кралство и уште еден човек биле обвинети за шпионирање за Кина.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе