Вести Македонија Топ вести

Управниот суд вечерва повторно ќе пресече во спорот меѓу aкадемијата „Павел Шатев“ и Антикорупциската комисија

Со исти аргументи, по вторпат претседателките на aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и на Aнтикорупциска комисија, ги вкрстија копјата пред судскиот совет во Управниот суд околу одлуката на aнтикорупционерите да запре процесот на обука и селекција на 130 кандидати до изборот на претседател, пратеници и премиер, односно до крајот на изборниот процес.

На денешната јавна седница, Габер потенцираше дека процесите во судството, односно академијата се независни од политичките процеси во државата и смета дека пресудата во овој процес ќе претставува судска пракса во иднина.

Татјана Димитровска, претседателка на антикорупциската комисија, во своето обраќање пред судскиот совет кажа дека мислењето на Комисијата дадено во 2017 година е во различни услови и академијата не смее да се повикува на него.

Приговорот до Антикорупциската комисија го достави претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова. Управниот суд веќе еднаш пресуди во корист на Академијата и наложи на Антикорупционерите да ги разгледаат барањата за изземање на членови при одлучување.

Пресудата која вечерва ќе ја донесе Управниот суд е, конечна, односно или ќе ја прифати или ќе ја преиначи одлуката на антикорупциска за запирање на процесот на селекција.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе