Вести Македонија Топ вести

Селмани во „Топ тема“: Попријатно е да гледате емисија, а во меѓувреме и Реал и Барса, отколку да учествувате во кампања

Разликата е огромна. Едно е да учествуваш и да дадеш одговор на очекувањата на граѓаните, но и очекувањата за лидерство за што еден кандидат претендира по изборите, за лидерство на државата, за лидерство на нацијата, а сосема друго е да гледаш емисија, а во меѓувреме можеш да гледаш и Реал и Барселона, во секој случај е пофино, попријатно и покомфорно, вели Имер, Селмани, поранешен кандидат на претседател на Македонија, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

Според него, седумте претседателски кандидати на вчерашниот дуел на јавниот сервис се нашле во непријатна ситуација, бидејќи морале да се обратат на целата нација, до сите гласачи, а не само на гласачите на својата политичка партија и на својот етникум.

„Имаше кандидати за кои знаеме дека користат еден викабилар пред своите партиски, да кажеме, настроени гласачи, пред својот етникум, а пред јавноста едноставно беа во некој грч дали тоа треба да го повторат или не. Мислам дека граѓаните, јавноста, препозна кои се тие гласачи и тоа е можеби најголемиот хендикеп на сите кандидати кои што својата програма и својата понуда во изминатиот период не ги осмислија да се понудат на сите гласачи од Струмица до Куманово, од Запад до Исток, туку се фокусираа во првиот круг, и заради специфичноста на овие избори кои што се сплетени со парламентарните избори, само на својата политичка партија, евентуално на својот етникум. Мислам дека тоа е хендикеп. Тоа се чувствуваше синоќа, особено во делот на надворешната политика. Тука синоќа очекував поквалитетна дебата, меѓутоа двајца-тројца кандидати оставија солиден впечаток“, смета Селмани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе