Вести Свет Топ вести

Неверојатни 2.443 милијарди долари во 2023 година – СИПРИ бележи рекордни воени трошоци во светот

Глобалните воени расходи во 2023 година достигнале рекордни 2.443 милијарди долари, што претставува зголемување за 6,8 осто во однос на 2022 година, објави меѓународниот Институт за мир (СИПРИ) со седиште во Стокхолм.

Според СИПРИ, Соединетите Американски Држави останале најголем потрошувач со 916 милијарди долари, што е 37 посто од светските воени издатоци. Зад САД е Кина со проценети 296 милијарди долари. На третото место е Русија со 109 милијарди долари, пред Индија со 83,6 милијарди долари.

Воената потрошувачка лани сочинувала 2,3 отсто на глобалниот бруто-општествен производ. Во најновиот извештај на СИПРИ се наведува дека воените трошоци растат деветта година во низа и се бележи нивни пораст во сите пет географски региони кои ги дефинирал Институтот, пришто предничат Европа, Блискиот Исток и Азија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе