Вести Македонија Топ вести

За два месеци раководење директорката на Токсикологија го зголемила долгот на клиниката за два милиони денари реагираат вработените

Директорката на Токсикологија Бесија Иљази покрај тоа што за два месеци раководење го зголемила долгот на клиниката за два милиони денари и не доаѓала на работа. Ова се само дел од низата обивнувања од страна на вработени во клиниката кои преку писмен допис до медиумите се пожалија за нејзиното работење.

„Со назначување на В.Д организациски директор Бесија Иљази на ден пред формирање техничка влада на нашата клиника(иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори) се случува деорганизација, а не организација. Поточно од нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиони денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути поточно на работа доаѓа во 10:00 часот а работното време и завршува во 14:30“, велат вработени во Токсикологија.

Во дописот вработените посочуваат и за други нерегуларности во врска со клиниката.

Исто така клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани. Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози,токсиколошката лабараторија веќе два месеци истата не врши валидација на издадените резултати“, велат вработени во Токсикологија.

Побаравме став од директорката за обвинувањата на вработените, но одговори ни најави за утре. Поставивме прашања и до министерството за здравство но ниту од таму нема одговор.

Извори на Телма брифираат и за мобинг и притисок на вработени за да стават потпис за нови вработувања, иако како што велат немаат законска можност да вработувааат нови лица за време на избори. Како што дознава Телма најверојатно за утре ке биде закажана и прес конференција на вработените за информирање на работењето на Клиниката за Токсикологија.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе