Вести Магазин Свет Топ вести

Американски GoodBye за кинескиот ТикТок

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со 360 гласа за и 58 против усвои закон кој предвидува забрана на социјалната платформа ТикТок, доколку нејзиниот сопственик, кинеската компанија „Бајтденс“ не го продаде своето право на работа на американскиот пазар во рок од девет месеци.

Платформата има околу 170 милиони корисници во САД, а одлуката е донесена затоа што американските безбедносни служби ја сметаат за ризик за националната безбедност. Дополнително ТикТок генерира и солидни приходи со што е сериозен играч во бизнисот со маркетингот на социјалните мрежи.

Во усвоениот закон е наведено дека „Бајтденс“ мора да најде купувач во рок од 270 дена, или платформата ќе биде забранета, а Белата куќа има можност да го продолжи тој рок за уште 90 дена, доколку претседателот Џо Бајден утврди дека има напредок во активностите за продажбата.

Кинеската компанија активно лобираше за да се спречи усвојувањето на законот, за кој рече дека ги крши правата на корисниците од Првиот амандман и ги загрозува малите бизниси.

„Жално е што Претставничкиот дом поддржува закон кој би ги погазил правата на слободата на говорот на 170 милиони Американци, ќе уништи седум милиони бизниси и ќе затвори платформа која придонесува со 24 милијарди долари годишно за американската економија“, соопшти компанијата на социјалната мрежа Х (Твитер).

Кинеската компанија најави дека може да го оспори законот на суд, а на корисниците им порача дека планираат да ја продолжат борбата „искористувајќи ги сите законски права“.

Од друга страна Кина или не дозволува користење или го ограничува пристапот и користењето на најголемите социјални мрежи во сопственост на компании од САД и од западните држави, поради можноста да не ограничуваат ширење на ставови спротивни на кинеските власти и политиките на Пекинг.

ТикТок е револуционерна социјална мрежа која стана популарна меѓу најмладите , но потоа се прошири и меѓу постарите генерации. Создаден е и пуштен во употреба во септември 2016-та.

Вертикалните видеа на ТикТок поради оригиналноста и популарноста беа преземени како медиумска содржина и од другите социјални мрежи. Рилсовите (reels) сега се најчесто употребуван формат за медиумска содржина на мрежите и воопшто на интернетот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе има одговорност за училишната приредба во Челопек со воени униформи на УЧК и пластични пушки – просветните инспектори утврдија неправилности

Дејан Дејан

Почна со редење на куќарки и на украси на Плоштадот- град Скопје се подготвува за Нова Година

Дејан Дејан

Однесувањето на трето одделенец затвори две училишта – по „11 Октомври“ и „Лазо Ангеловски“ во бојкот на наставата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе