Вести Македонија

Таравари од Берлин: 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај

Коалицијата „ВЛЕН“ синоќа престојуваше во Берлин, каде беше примена од албанската дијаспора.

Кандидатот за претседател Арбен Таравари од централниот собир истакна дека не е направен политички процес без дијаспората, и изрази очекување дека и сега дијаспората ќе се сензибилизира да направи политички промени на 24 април и 8 мај.

„Немаше важен процес во Северна Македонија што се одвиваше без дијаспората, почнувајќи од првото политичко движење. Тетовскиот Универзитет беше невозможен проект без поддршка од дијаспората, исто така до формирањето на оваа партија која сега е на власт, како сега да сте обврзани од дијаспората да ја смените оваа партија. Двапати се натпреварував во Гостивар и дојдоа значителен број од луѓе од диаспората. Тие го сензибилизираат населението и покажуваат колку е важно да се гласа за да се направи промена“, истакна Таравари.

Тој рече дека коалицијата „ВЛЕН“ се приклучува на овие напори за да си ја заврши работата, а дојаспората ја повика да гласа за да дојде до политичката ротација што треба да се случи во Северна Македонија.

На тој начин, рече, ќе се овозможи дел од неа да се врати да живее во Северна Македонија.

Можете да комуницирате со луѓето, да побарате да не поддржат на 24 април, бидејќи 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“ – порача Таравари на централниот митинг со дијаспората во Берлин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе