Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порачува носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица Ѓоргија Сајковски.
Тој на Битолчани им вети многу инфраструктурни проекти, кои како што рече се предвидени во партиската програма.
За Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе ја поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој, истакна Сајковски.
Тој рече дека предвидено е да се изврши и реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид, како и подобрување на патната инфраструктура кон Ресен.
Со ова, на Битола ќе дадеме можност за економски раст и развој. Можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните, вели носитолот на листата на ВМРО – ДПМНЕ во петтата изборна единица.
Вети дека по изборите Битола ќе го добие „процутот“ онаков каков што треба да го има низ годините, а градот како што истакна ќе стане економски центар во регионот.