Вести Македонија

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска оствари работна посета на Центарот за обука во Идризово, со цел презентирање полициско тактичко теренска обука од страна на кандидатите за полициски службеници коишто се на обука во Центарот за обука во Идризово, по што беше изведена вежба за воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем. По вежбата Бојмацалиев изврши увид во текот на реконструкцијата на комплексот Центар за обука.

Како што соопшти МВР, на средба со раководството на Центарот за обука, Бојмацалиев беше информиран за генерацијата која обуката ја започна на 23.04.2023 година а која завршува на 27 април 2024 година. Вкупно кандидати се 508, од кои 416 маши и 92 женски, и досега сите успешно ги имаат завршено сите тестови. Во моментот се реализира последната активност од обуката – Логорување или полициско тактичка теренска обука, предвидена во наставната програма.

Во оваа прилика беше презентирана опремата која се користи за обезбедување на границите: BOLU – камера чијашто цел е собирање на податоци и информации, врши сликање и снимање; термална камера која се користи за ноќно наблудување за граничен надзор; Форд Рајнгер специјално моторно возило за наблудување на терен, опремено со термална- ноќна камера и дневна камера за обезбедување на државна граница, стои во соопштението.

На крајот од посетата Бојмацалиев изврши убид во текот на реконструкција на 82. објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти низ државата – целосна реконструкција на Центарот за обука во Идризово, по цели 53 години ги подобруваме условите во Управната зграда со мензата, двата павиљона за сместување и школски  објект со придружните објекти, спортската сала, во вкупна вредност на градежните активности над 180.000.000 денари со вклучен ДДВ. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе