Вести Свет Топ вести

Светските лидери повикуваат на смирување на ситуацијата прекин на воените дејствија и разум наместо ракети

Иранските ракети и дронови ја размрдаа светската дипломатија. По синоќешните напади, лидерите со брзи прсти на социјалните мрежи повикуваат на мир и смирување на ситуацијата. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток.

Ги повикувам сите страни да покажат максимална воздржаност за да избегнат каква било акција што може да доведе до големи воени конфронтации на повеќе фронтови на Блискиот Исток. Постојано нагласив дека ниту регионот ниту светот не можат да си дозволат нова војна, се првите зборови на Гутереш во серија твитови на платоформата X.

Американскиот претседател Џо Бајден, првиот и најверен сојузник на Израел поддржувач на воената интервенција на Израел во Газа, изјави дека САД „се посветени на одбраната на Израел“.

Нашата посветеност на безбедноста на Израел против заканите од Иран и неговите полномошници е железна, рече Бајден во изјавата.

Кина изрази „длабока загриженост“ поради „тековната ескалација“, според портпаролот на нејзиното Министерство за надворешни работи, додавајќи дека тоа е „прелевање на конфликтот од Газа“ и дека прекинот на огнот треба да се спроведе без одлагање. Пекинг ги повика „релевантните страни да покажат смиреност и воздржаност за да спречат понатамошни ескалации“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги нарече нападите „безобразни и неоправдани“.

Сите актери сега мора да се воздржат од понатамошна ескалација и да работат на враќање на стабилноста во регионот, рече Фон дер Лајен.

Пакистан рече дека нападите се „последици од распадот на дипломатијата“.

Со месеци, Пакистан ја нагласува потребата од меѓународни напори за спречување на проширување на непријателствата во регионот и за прекин на огнот во Газа, се вели во соопштението на владата.

Саудиска Арабија, главен регионален ривал на Иран, ја истакна важноста од „спречување на какво било дополнително влошување“ на кризата, предупредувајќи на „страшни последици“ доколку ситуацијата се влоши.

Египетското Министерство за надворешни работи ги нарече последните случувања „опасна ескалација“. Во него се вели дека најновите непријателства не се „ништо туку директен резултат на она за што Египет постојано предупредуваше, во врска со опасностите од проширување на конфликтот во регионот како резултат на израелската војна на Појасот Газа и провокативните воени дејствија што се вршат во регионот.”

Катар, кој игра витална улога во многу конфликти на Блискиот Исток и ужива блиски економски односи со Иран, изрази „длабока загриженост“ и ги повика сите страни да „престанат со ескалацијата, да ги смират тензиите и да покажат максимална воздржаност“.

Снежана Лупевска Созен

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе