Вести Македонија Топ вести

Димитриевски: Џабе ви е партија, ако народот ви пати, ако немате држава или гледате дека државата ви пропаѓа

Џабе ви е партија, ако народот ви пати или ако немате држава или гледате дека државата ви пропаѓа, порача Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, лидер на Движењето ЗНАМ и претседателски кандидат во вечерашното интервју на Телма ТВ. Тој не се гледа дел од „истите што само се менуваат“.

„Не би рекол дека сум дел од истите. На Македонија и треба нова политичка гарнитура. Долги години бев активист на СДСМ. Скала по скала, дошло време сум имплементирал власт. Сум се одважил во моменти кога таа политичка гарнитура која што го води СДСМ ги направи најкрупните грешки. Своите ставови сум ги кажал јавно, а тие биле суштински најсилни од позиција на централна и од позиција на локална власт. Се заврши таа приказна, излегов на избори, побарав поддршка од граѓаните, добив апсолутна поддршка во Куманово и продолжувам понатаму“, нагласи Димитриевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе