Вести Македонија

ДИК потврди поголем дел од листите за пратеници на дел од партиите и коалициите за парламентарните избори

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево целосно ги потврди листите за пратеници во Собранието на Македонија на 10 партии и коалиции со кои тие ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори закажани за 8 мај. На други четири партии потврдени им се листите во дел од изборните единици, додека за преостанатите изборни единици во кои сакаат да се тркаат за идниот состав на Собранието рокот им е до утре за поднесување на дополнување и корекции.

Листите во сите шест изборни единици потврдени се на Kоалиција за европска иднина предводена од СДСМ, на Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата за европски фронт предводена од ДУИ, коалицијата Вреди, на партиите ЗНАМ, ГРОМ, Левица и Единствена Македонија. Целосно потврдени се листите на Твоја партија и Аваја кои се кандидираа во четири изборни единици.

На Парламентарните избори учествуваат 16 партии и 1 листа од група избирачи од кои 13 имаа листи во сите шест изборни единици.

Тамара Грнчаровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе