Вести Македонија

Академијата за судии и јавни обвинители ја пишува тужбата против Антикорупциска која ќе ја поденесе пред Управен

Антикорупциска ја објави одлуката со која констатира дека Академијата за судии и јавни обвинители го прекршила Изборниот законик со затоа што во предизворието го продолжила тестирањето за идните академци, постапка која треба да заврши со вработување на определено.

На потег е Академијата од каде најавија дека во рокот од 24 часа ќе поднесат тужба пред управнот суд. На списокот имаат повеќе процедурални повреди. Мегу нив е прашњето за судир на интерес.

Покрај двајцата члена што сами се повлекле, од Академијата сметаат дека уште тројца други требало да се изземат. Еден предавал на академијата, друг бил пријавен токму за оваа генерација која сега полага приемен испит, а сопругот на третата бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Билјана Каракашова Шулев е номинирана од страна на ДКСК за имплементација на 24 месечен проект кој го спроведува Академијата во соработка со Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал (УНОДЦ), а исто така нејзинот маж согласно јавно достапен ревизорски извештај во 2017 година бил донатор во партијата чии кандидат за претседател го поднела приговорот против Академија, соопштуваат од академијата.

Меѓу забелешките на листата на академијата е и тоа што не биле повикани сведоците што тие ги предложиле а за процедурална повреда го сметаат и тоа што одлуката ДКСК ја донела претходно а јавната сендица била само формалност.

Фактичката состојба веќе беше претходно утврдена на нејавна седница, а на крајот од јавната седница, членовите воопшто не се ни повлекоа за да одлучуваат по претставката од претседателскиот кандидат, туку Претседателката на Комисијата само кажа дека се работи за нејзин предмет и ја прочита однапред подготвената одлука, а членовите на Комисијата гласаа по истата, тврдат од академијата.

Во врска со оваа забелешка на академијата, но и за судирот на интерес на членовите,  од ДКСК  на прашањата на Телма одговорија дека седицата  била одржана во согласност со начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, заштита и одговорност уредени во Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Ве известуваме дека  целосната документација поврзана со сите наводи кои се однесуваат на прекршување на правилата на постапката како арументација ќе ја доставиме и ќе се изјасниме како одговор на најавената тужба пред Управниот суд, одговорија од дкск.

Вчера на моменти во тензична атмосфера, аргументи, но и обвинувања разменија претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова која го поднесе приговорот и раководството на Академијата.

Силјановска укажа дека во предизборниот период треба да се ставаат во мирување сите вработувања и тестирања освен оние што имаат итен карактер, а дека случајот со академијата не е таков и дека не држат нивните аргументи дека не станува збор за класичен работен однос.

Габер Дамјановска пак објаснуваше дека процедурата е почната пред повеќе од една година и дека до вработување нема да дојде во изборниот период, а последиците од застојот ќе ги почувствува правосудството.

Дкск најави дека ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи. Откако ќе ја добие тужбата Управниот суд ќе треба да случи во рок од 48 часа.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе