Вести Свет

Шолц: ЕУ треба повеќе да инвестира во заедничката безбедност за никој да не се осмели да не нападне

Германскиот канцелар, Олаф Шолц повика на дополнителна западна поддршка за Украина во нејзината војна против Русија, велејќи дека Германија нема да се колеба во поддршката за Киев.

Говорејќи на собирот на европските социјалдемократи во Букурешт, Шолц рече дека најдобриот начин да се спречи ескалација, вклучително и потенцијален конфликт меѓу Русија и НАТО, е она што тој го нарече ефективно одвраќање.

-Војната во Украина завршува во моментот кога рускиот претседател Владимир Путин ќе одлучи да ја повлече својата војска. Сепак, тој ќе ја донесе таа одлука само ако сфати дека не може да ја добие војната на фронтот, рече германскиот канцелар, чија земја досега даде 28 милијарди евра воена поддршка за Украина.

-Затоа инвестираме повеќе во сопствената безбедност и како Европејци во заедничка одвраќање за никој да не се осмели да не нападне, рече тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе