Вести Свет

Израел ќе дозволи привремена испорака на помош во Појасот Газа преку преминот Ерез и пристаништето Ашдод

Израел ќе дозволи привремена испорака на помошта до Појасот Газа преку преминот Ерез и пристаништето Ашдод , соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Воениот кабинет  ги овласти премиерот Нетанјаху, министерот за одбрана, Гоав Галант, и поранешниот  министерот  за одбрана и пензиониран генерал на армијата Бени Ганц да преземат итни чекори за зголемување на хуманитарната помош за цивилното население во Појасот Газа“, се наведува во соопштението.

Како што се додава, помошта ќе придонесе за спречување на хуманитарната криза, но „таа е неопходна и  за да се обезбеди продолжување на борбите и да се постигнат целите на војната“.

Израел ќе одобри „привремена“ испорака на хуманитарна помош преку израелското пристаниште Ашдод, 40 километри северно од Газа, и преку преминот Ерез, на југот на земјата.

Властите, исто така, ќе дозволат поголема испорака на јорданска помош преку Керем Шалом, граничен премин во јужен Израел.

Се повеќе се  зголемува и меѓународниот притисок врз израелската Влада поради хуманитарната катастрофа во Газа.  Вчера  за прв пат и американскиот претседател Џо Бајден  проговори за условена американска помош за Израел

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе