Вести Свет Топ вести

Ве молиме, не крадете повеќе од претседателскиот авион – апел до новинарите кои патуваат со првиот човек на САД

Здружението на дописници од Белата куќа ги повика новинарите кои патуваат со американскиот претседател Џо Бајден да престанат да крадат предмети од претседателскиот авион „Ер Форс 1“.

Пописот на инвентарот на претседателскиот авион по посетата на Бајден на Западниот брег во февруари, утврди дека недостасуваат повеќе работи од делот на авионот кој е наменет за новинари.

Меѓу „сувенирите“ кои ги земале новинари се брендирани навлаки за перници, чаши и позлатени чинии, пишува „Би-Би-Си“.

„Таквата кражба е забранета и се одразува лошо на новинарите кои патуваат со претседателот и мора да престане“, се наведува во соопштението на здружението.

Новинарите кои го следат американскиот претседател на патувањата, понекогаш како сувенири добиваат чоколада со лого и потпис на претседателот. Меѓутоа, земање на пешкири и прибор за јадење е вообичаена пракса која трае со години, велат новинарите.

Авионот „Ер Форс 1“ кој Белата куќа го нарекува и претседателска канцеларија на небо има 372 квадратни метри на три нивоа. На таа површина се сместени голем претседателски апартман, медицинска амбуланта со операциона маса, конференциска сала со трпезарија, две кујни за подготовка на храна во кои може да се подготват оброци за 100 луѓе, како и посебен дел за медиуми, ВИП личности, обезбедување и административен персонал.

Леталото се води како воен авион и опремено е да може да издржи напад од воздух од каде, исто така, може да се дополни со гориво што му овозможува да може да лета без престанување.

„Ер Форс 1“ е опремен со безбеден комуникациски систем, поради што може да послужи и како мобилен команден центар. Во него се наоѓаат 85 телефони, повеќе радио апарати и компјутерска врска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе