Вести Свет Топ вести

Хрватска планинарка загина на планината Језерце, позната како албански Алпи – спасени седум лица

Хрватска планинарска го загуби животот при пад од голема височина на планината Језерце, во северниот дел на Албанија, познат како „албански Алпи“.

„По неколкучасовна потрага, вчера доцна попладне, овозможено е да се пронајдат и извлечат седум туристи кои беа заробени на планината Језерце, каде како последица на лизгање на стрмен терен и пад од голема височина животот го загубила З.И. (41) хрватска планинарка“, објави албанското МВР.

На видео-снимката која ја објавува на Фејсбук може да се види моментот кога спасувачката екипа ја пронаоѓа мртва хрватската планинарска. Во акцијата за пребарување и спасување учествувал и Одделот за планинско спасување на Косово.

Петмина од спасените планинари се вратени на територијата на Црна Гора од каде што влегле на албанска територија, останати двајца со хеликоптер се транспортирани во болницата во градот Бајрам Цури.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонците и Турците од с. Радање бараат да се почитуваат законите

Дејан Дејан

Струмичко Трибичино за прв пат нема гласачко место, 8-те запишани гласачи гласаат во соседно Едрениково

Дејан Дејан

Гнеотино во Општина Новаци е едно од селата со поголема излезност, но, овде има повеќе штркови од гласачи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе