Вести Свет

Вучиќ: Суштинско и длабоко продлабочување на односите со Кина

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Белград дека потпишаната заедничка Изјава на двата претседатели е смерница за развој на билатарaлните односи „од стратешки односи кон највисок облик на соработка – заедница која зборува за заедничката иднина на две земји“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Република Србија и НР Кина преминуваат од стратешки односи на кои успеавме да ги подигнеме нашите билатерални односи, кон заедничка иднина на нашите две земји. Тоа е највисоката форма на соработка меѓу двете земји и горд сум што денеска како претседател на Република Србија успеав да го потпишам тоа, рече Вучиќ.

Тој порача дека Србија го поддржува принципот на една Кина по прашањето за Тајван и се заблагодари на Си на јасниот став за Косовското прашање.

-Го цитирам претседателот Си: Ќе ја имате цврстата поддршка од Народна Република Кина за сите прашања покренати во ОН, тоа е исклучително важно за нас и бескрајно му благодариме за тоа, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија, иако мала земја, силно и храбро ќе се спротивстави на обидите за ревидирање на историската меморија.

Вучиќ рече дека Договорот за слободна трговија со Кина ја гарантира иднината на Србија.

-Договорот за слободна трговија ни гарантира пласман на нашите стоки и услуги. И во следните пет до десет години ние речиси 95 отсто од производите што ги произведуваме во нашата земја, ќе можеме да ги извеземе во Народна Република Кина без никакви царини, без никакви давачки, рече Вучиќ.

Тој истакна дека разговарале и за соработката на полето на вештачката интелигенција и најсовремените технологии, како и дека претседателот Си потврдил дека Кина не само што ќе учествува на Експо 2027 година, туку ќе го искористи своето искуство и знаење за да и помогне на Србија да го организира тоа на најдобар можен начин.

Вучиќ рече дека имало разговори со кинеска компанија за летечки такси, како и разговори со производител на електрични автомобили од Народна Република Кина, како и дека за Србија би било чест доколку кинеските железнички компании отворат производствен капацитет во Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе